Викендот изменет сообраќаен режим во Ново Лисиче


Поради изградба на фекална канализација  до населеното место Сопиште и локалитетот Сончев град, утре и задутре сообраќајот на булеварот „Србија“ ќесе се регулира со времена измена на режимот.

novo lisice
Како што соопшти Град Скопје, времено ќе биде изменет режимот на движење на булеварот „Србија“ кај влезно-излезната улица на бензинската пумпа Макпетрол, којашто се наоѓа на десната страна на булеварот „Србија“ во насока кон булеварот „Јане Сандански“.

Учесниците во сообраќајот треба да ја почитуваат времено поставената сигнализација и да го приспособат возењето согласно со времената измена.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1