Внимавајте: Провалуваат преку ден – организирана група крадци оперира низ Карпош


На социјалните мрежи денеска се алармира и за добро организирана група, која оперира на подрачјето на населбата Карпош 4.

skopje karpos zgradi mk2

„Пријатели,

сакам да Ве известам дека на територијата на Карпош оперира организирана група која со посебна справа ги ОТКЛУЧУВА влезните врати од становите, ги собира вредните предмети од станот и истиот го напушта ЗАКЛУЧУВАЈЌИ ја вратата.
Кражбите најчесто се случуваат околу пладне. Во последниве 10ина дена, конкретно во Карпош 4 има пријавено неколку случаи, за кои, за жал, никој не слушнал и никој не бил предупреден затоа што на нашите телевизии нема време и место за такви вести.
Има неколку случаи во кои луѓето почуствувале како некој им става клуч во брава додека тие седеле со семејството дома.
Затоа, Ве молам известете ја полицијата доколку слушнете или забележите некои сомнителни, непознати лица (група) кои никогаш претходно не сте ги виделе во влезот и чиво однесување е неприродно!

СПОДЕЛЕТЕ!“, пишува во соопштението.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1