Врвот на ДУИ бил на мостот кога се кршел споменикот на Цар Душан – призна Изет Меџити


Бевме присутни ноќта кога имаше обид за уривање на споменикот на цар Душан, не го демантираме тоа. Тука сме и не се криеме, но прво откријте кој го нарача и го постави споменикот, а потоа ние ќе го кажеме нашиот став. Ова за „Дневник“ го изјави Изет Меџити, потпретседател на ДУИ и чаирски градоначалник, три дена откако во присуство на високи партиски функционери беше оштетен споменикот на цар Душан на мостот „Око“ во центарот на Скопје. Триесетина насилници го оштетиле постаментот на споменикот, како и жезолот и крстот што цар Душан ги држеше в раце.

cardushanЗа цар Душан денеска попладне се очекува да расправа и највисокиот партиски орган – централното претседателство, по што ќе биде обелоденет ставот на ДУИ. Според најавите, можно е интегративците да го отворат прашањето за цар Душан и на владина седница в среда.

Меџити вчера одби да одговори дали по партиска директива, во 1 часот по полноќ во саботата тој, пратеничката Ермира Мехмети, министерот за економија Ваљон Сараќини и шефот на кабинетот на Али Ахмети, Артан Груби, односно чаирскиот разгранок на ДУИ, присуствувале на демолирањето на споменикот на цар Душан. Меџити не сакаше да коментира зошто претседателот на чаирскиот разгранок Беќир Асани, лично учествувал во уривањето на споменикот. Тој само додаде дека ова се позициите и на пратеничката Мехмети и н` посоветува да не ги бараме другите функционери, кои вечерта присуствувале на демолирањето на споменикот. Но нема одговор зошто Мехмети како претседателка на Kомитетот за меѓуетнички односи во Собранието не закажа расправа на оваа тема.

За оштетувањето на споменикот јавноста беше информирана преку видеоматеријалот на телевизијата „Алсат М“, објавен на официјалната фејсбук-страница на чаирскиот разгранок на ДУИ.

Освен Меџити, ниту еден од инволвираните во настанот вчера не беше достапен. Преку СМС-порака Груби информира дека не е во земјава, а партискиот портпарол Бујар Османи исто преку СМС-порака информира дека е на одмор. Оттука вчера беше невозможно да се добие партиски став. Неофицијално, во партијата дејствувањето на сопартијците го коментираат како претконгресни позиционирања.

Повеќе на Дневник 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1