Се повеќе македонци страдаат поради кризата – на 7 место сме во светот по очај


Анкета спроведена од агенцијата „Галуп“ покажува дека страдањето на населението за влеме на глобалната економска криза се зголемило.Во 2012 год 14 отсто од населението страдало во споредба со периодот пред рецесијата кога тој процент бил 11 проценти.

depresijaМакедонија на листата се наога на седмото место бидејки 31 отсто од граганите се изјасниле дека страдаат. Пред нас се Мадагаскар, Унгарија, Хаити, Камбоџа, Ерменија и Бугарија, која е лидер на листата со 39 проценти од населението кое се изјаснило дека страда.

Најмалку страда народот во Ирска, Катар, Шведска, Норвешка, Емиратите, Нигерија и Сомалија, каде се измерени 1-2  отсто од населението. Во голем дел од земјите со повисоко ниво на страдање, војната не е клучен фактор туку тоа е последица на екстремно незадоволство од локалните власти.

Таков е примерот со Бугарија, Ерменија и Унгарија каде нема војна како во Сирија но, лугето се многу разочарани од нивните лидери заради корупција, невработеност и сиромаштија.

Во анализата за Македонија пишува дека 31 процент од анкетираните се изјасниле дека се незадоволни од својот живот за разлика од 2011 година кога тој процент бил 25,  БДП по глава на жител е 10,465 долари. Дури 51 отсто од граганите ја гледаат владата како корумпирана, а 30 проценти од населението живее во сиромаштија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1