Градоначалникот на Солун денеска во Скопје


Градот Скопје информира дека денес во 15:30 часот, градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, ќе оствари средба со градоначалникот на Солун, Јанис Бутарис. Средбата ќе се одржи во кабинетот на градоначалникот.

Јанис Бутарис е познат грчки бизнисмен и политичар, основач на еколошка партија во Грција.

gradonacalniciЕкономските, туристичките и културните можности на Солун ќе ги презентира во Скопје Јанис Бутарис. На иницијатива на Економско -трговското одделение од Канцеларијата за врски на Грција, на Градот Солун, во соработка со Стопанската комора на Македонија, пред компаниите – членки на комората на Македонија ќе бидат промовирани областите кои Солун ги има дефинирано како можност за унапредување на билатералната соработка во иднина. Јанис Бутарис заедно со претседател на македонската Стопанската комора, Бранко Азески, ќе го отворат работниот состанок на кој ќе присуствуваат туристички агенции, компании од различни области, претставници на медиумите од јужниот сосед, но и македонски фирми.

Во рамките на посетата на Скопје, Бутарис ќе оствари средби со скопскиот градоначалник Трајановски, а се уште нема потврда дали ќе биде примен и од градоначалничката на Тетово Арифи, средба за која објавија грчките медиуми.

Ова е прва посета на Скопје на солунскиот градоначалник, кој и во минатотот на неколку пати има споменато дека потребна е поблиска соработка на Скопје и Солун.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1