За да не ни боде очи – Ангажираната моќност веќе нема да се прикажува посебно во сметките за струја


Многу полемики се отворија околу тој трошок од 33 посто за ангажирана моќност, дури имаше и иницијатива за собирање потписи за укинување на овој трошок. Факт е дека многумина се уште незнаат, и не е јасно што всушност тој трошок од 33 посто кој ни ги зголемува сметките значи. официјалното објаснување од надлежните е ова….

struja 2Од „ЕВН-Македонија“ објаснуваат дека ангажираната моќност претставува расположлив капацитет на мрежата што му овозможува на потрошувачот да користи електричната енергија во секое време и според потребите во рамки на одобрениот капацитет. На пример, кога ќе го вклучите вашиот апарат или светлото во домот, вие со тоа имате можност веднаш да почнете со трошење електрична енергија, која, всушност, ви стои на располагање во секое време во системот.

Ангажираната моќност од 33 отсто во сметките за електрична енергија е утврдена од Регулаторната комисија за енергетика, во согласност со тарифниот систем на Република Македонија.

Според некои други пак ,,познавачи и непознавачи,, тоа се објаснува вака : 

1. Тоа е исто трошел не трошел тие 33 посто ги плаќаш однапред за кога ќе решиш да трошиш и да вклучиш апарат одма да имаш струја.. или еве понародски исто како припејд и постпејд телефон.. ти со постпејд можеш да збориш кога сакаш колку сакаш а плаќаш отпосле. а со припејд мораш прво да внесеш пари па да вртиш.. значи да одиш до трафика да купиш кредит да го внесеш па тек после да вртиш – тие 33 посто се гаранција еден вид.. за да не чекаш струја кога ќе ти треба туку да ја имаш во секое време.

2.  Тоа е исто како продавачот на лубеници на пазарче да бара +33% од цената зашто во секое време тезгата му е полна со лубеници за да може ти да одбереш 🙂

3 Замисли што би се случило да речеме една држава троши 100 мегават часови летно време и произведе 100 Mw/h….арно ама на некој му текне да уклучи плус бојлер, или реши да пегла и на ‘‘скапа струја‘‘…. те. непланирано да се појави поголем потрошувач, те поголема потрошувачка на ел. енергија, така да системот ќе се преоптерети и падне!? Се разбира ќе падне ако не се произведе повеќе! А за да не се случи тоа, те да не падне и да не паѓа, мора системот да произведува повеќе струја отколку што се во моментот потребите на потрошувачите…. Кој мислиш дека им ја плаќа таа (вишок произведена) струја во другите земји?

4. Aнгажираната моќ 33,33% ја претставува загубата на енергија во преносот, односно во далекуводите и жиците пред да дојде до потрошувачот.

5.Според мене ставката ангажирана моќност треба да ја има, само треба да се корегираат тие 33 % во реалните 10-15 по моја проценка.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1