За овие работи сега плаќате – а се бесплатни (СПИСОК)


Сите се жалат на беспарица, а кога ќе дојде ред за штедење некако тешко оди.

Порталот „Chacha“, спровел истражување колку луѓето би заштедиле ако не плаќаат за работи кои може да се бесплатни. Направил и список на најчестите работи за кои се плаќа, а се бесплатни. 

Вежбање
Размислувате за запишување на теретана? Проверете кои теретани во вашето соседство нудат бесплатни пробни рокови. Уште подобра варијанта е да ги замените неонските светла и затворениот простор со вежбање на отворено, барем додека се уште времето ни е убаво. Можете да вежбате и дома, со бесплатни виде-вежби.

Wireless (Безжична интернет-мрежа)
Денешниот живот е незамислив без пристап на интернет. Токму затоа постојано се зголемува бројот на локации, каде корисниците имаат бесплатен пристап на интернет. Да се надеваме дека тој тренд ќе продолжи да се зголемува. Постојат многу апликации за смартфони, со чија помош имате овозможено пристап на интернет-мрежа wireless.

Најблиската библиотека
Вашата локална библиотека не е само место каде можете да изнајмите книги. Таму имате пристап до многу бесплатни содржини, како бесплатни весници, алатки за учење на странски јазици, звучни ЦД-а, ДВД-а, пристап кон различни бази на податоци и.т.н. Таму можете и бесплатно да учествувате во разни работилници.

Музика
Денес можете да ја слушате вашата омилена музика, без да потрошите нималку пари да си угодите. Се поголем е бројот на бесплатни локални радио станици, радио станици на интернет. Музиката дури можете и бесплатно да ја симнувате(download-ирате) преку мноштво веб-страници за симнување музика. Можете дури и на Гугл да напишете „free download `песната`“ и да ја најдете веднаш без проблем.

Бесплатни влезници
Долги редови за влегување во музеи, за време на „Музејска ноќ“, се најдобар пример како луѓето реагираат на бесплатни влезници.

ЗНАЕЊЕ
Постојат се` поголемброј на онлајн курсеви за учење. Студентите може да ги искористат бесплатните курсеви на “MIT OpenCourseWare“, Институт за технологија во Масачусетс, попознат како МIT. Ова нема да ви даде диплома , но сепак ќе го научите тоа што ве интересира.
Сакате ли да научите странски јазик? Нема проблем. Наместо посетување на курсеви во школа за странски јазици, доколку имате доволна мотивација, можете и сами да научите странски јазик со помош на бесплатниот курс за странски јазици на Би-Би-Си.
Ви треба помош од математика, историја, уметност или компјутерско програмирање? Khan Academy нуди бесплатни видео-туторијали и вежби. Цртање  можете да научите со помош на бесплатниот онлајн курс на Drawspace.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1