Законот за албански јазик помина во Влада


Законот за употребата на јазиците, со кој се унапредува користењето на албанскиот јазик помина на вечерашната владина седница.

Во општините каде што албанците се над 20% униформите на полицијата, пожарникарите и здравствoто ќе бидат и на албански, а на банкнотите ќе стојат културни елементи на Албанците, но не текст на албански јазик,

И покрај несогласувањата на релација СДСМ – ДУИ, решението ќе биде пуштено цело на венецијанската комисија, за двојазичните банкноти, амблеми на војската ниту двојазичните хартии од вредност ќе решава венецијанската комисија и доколку добијат зелено светло, во понатамошната фаза ќе бидат вградени.

Законот во Собранието ќе влезе со европско знаменце. Законот за албанскиот јазик е дел од колицискиот договор меѓу Зоран Заев и Али Ахмети.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1