Зошто хомосексуалците мора да парадираат по улици пред деца?


Мене, лично, ми беше сеедно дали ќе се одржи Парадата на гордоста или не во Белград. Се прашував само која е нејзината цел. Тоа што тие го застапуваат се приватни права и приватен живот на секој човек. Навистина, не е моја работа што некој прави во својата спална соба, со кого легнува и води љубов. Проблем се целите, што е целта на сето ова.

gay2Зошто некој би парадирал поради своите приватни афинитети, а јас не можам да се движам слободно во градот и со моите деца да морам да го гледам тоа. Ако се некакви напади и инциденти повод за реакција, во медиумите не сум видел толку многу информации за напади од хомофобични мотиви.

Вака белграѓанецот Александар Ѓукановиќ завчера за Дневник го објаснуваше своето видување на настаните што викендот ја поделија српската јавност со владината одлука третпат да не се дозволи одржувањето на Парадата на гордоста.

Што ако протестираат педофили

– И јас сметам дека правото на личен избор е над с` и дека тоа мора да му се почитува секому. Но, ако денеска манифестираат тие што сакаат хомосексуални врски, дали утре кога ќе се појави некоја група која ќе посака, на пример, да се избори за права да води љубов со животните, ќе треба да се дозволи и мирно да се гледа како за тоа држат парада. Ни недостига само уште некој утре да ни прави парада за водење љубов со малолетници, сеедно што ова е и кривично казниво. Личните права и изборот се за приватна спална соба –  рече Зоран Стевановиќ

Повеќе на – Дневник

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1