ЈСП ќе добие гориво од резервите – Владата утврди кризна состојба со јавниот превоз


Владата вонредно расправаше поради недостигот на енергенси за обавување на јавниот сообраќај на територијата на Град Скопје, при што беше констатирана лошата состојба и недостиг на гориво за потребите на Јавното сообраќајно претпријатие при што Владата се вклучи во решавање на овој проблем, соопштуваат од Владата.

„Се донесе одлука со која се утврдува постоење на кризна состојба во снабдувањето со топлинска енергија на подрачјето на град Скопје, заради недостиг на топлинска енергија, можноста за користење на алтернативно гориво и состојбите на пазарот на топлинска енергија“, велат од Владата.

Како што соопштуваат од Владата со ова се овозможува да се позајмат на градот Скопје дел од нафтените резерви на државата. ЈСП во следниот период треба да направи тендер, за да обезбеди непречено да се набавува гориво за автобусите.

Денес Бирото за јавни набавки донесе одлука со која се исполнети условите за спроведување на постапка со преговарање без објавување на оглас за да се скрати периодот за набавка на дериватот потребен на градот Скопје.

Со ова Владата го затвора прашањето со настаната потешкотија во работењето на градското претпријатие за јавен сообраќај, соопштуваат од Владата.

Инаку, денеска, во сообраќај во главниот град пуштени се околу 30-ина автобуси на Јавното сообраќајно претпријатие од кои 25 се на природен гас и уште неколку кои имаат резерви на нафта, потврди  директорот на ЈСП Скопје, Драги Кушовски.

Претседателот на Синдикатот на возачи при Сојузот на синдикати, Миќо Стојановски денеска рече дека состојбата со нафтата е проблем што трае веќе подолг период. Според Стојановски, за колапсот во ЈСП и во другите јавни претпријатија во градот придонело и несогласувањето меѓу претседавачот на Советот на Град Скопје и градоначалничката Данела Арсовска.

Бирото за јавни набавки ја суспендирало постапката за набавка на нафта од ‘Пуцко петрол’ Од Бирото за јавни набавки преку известување информираат дека постапката за набавка на еуродизел за ЈСП и автобусите кои развезуваат над сто илјади луѓе дневно не била прифатлива што било утврдено со управна контрола која била покрената во согласност со законските одредби.

Од Основното јавно обвинителство Скопје попладнево информираа дека ги следат сите информации и веќе се дадени одредени насоки на Управата за финансиска полиција да ги испита постапките за јавни набавки на нафта за потребите на ЈСП.

Веќе втор ден има гужви на автобуските станици, немање автобуси и нервоза е присутна и денеска во главниот град Скопје.

Tags: , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1