0-та се силни, А се љубезни, Б себични – Карактерот според крвната група


Крвната група претставува класификација на крвта која се базира на присуството или отсуството на наследени антигенски супстанци кои се составен дел на мембраната на еритроцитите.

20130226-karakterot-na-lugjeto-spored-krvnata-grupa-1Крвните групи се наследуваат од двата родитела. Во денешниот модерен свет се прават посебни диети на база на крвната група на личноста, но и се подредува карактерот на луѓето. Па еве ги општите карактеристики на луѓето според крвната група.

Крвна група Нулта
38% од вкупната популација во светот е Нулта позитив, а 6% е нулта негатив.

Овие лица се опишуваат како луѓе со голема самодоверба, силна волја, горделиви, друштвени, енергични, екстровертни, реалистични, позитивни, независни, сакаат да превземаат ризици, несакаат да чекаат во ред, несигурни во себе, тврдоглави и бучни.

Лесно се спријателуваат, дозволуваат да бидат понесени од моментот и ретко ги пропуштаат можностите кои животот им ги нуди.Тие лесно се вклучуваат во проекти или во остварување на некои свои замисли. Низ историјата се покажале како добри организатори. Но тешко може да им се задржи вниманието и демонстративно ги искажуваат своите емоции.Често менуваат ставови и многу брзо се предомислуваат. Овие лица се класични претприемачи.

Лесно ги искажуваат своите емоции, но исто така и лесно можат да бидат исфрлени од баланс од другите групи. Поседуваат вродена елеганција. Лесно се адаптираат на околностите . Тие се амбициозни, но имаат проблеми со деталите. Сакат да даруваат внимание, но и да примаат.

Крвна група А
Околу 34% од светската популација има крвна група А позитив, додека 6% А негатив.
Овие лица се послушни, внимателни, сочувствителни, само-пожртвувани, љубезни, емотивни, интровертни и нервозни.

Лицата со крвна група А се резервирани и мирни. Ги засега мислењето на другите луѓе. Некои од нив се интровертни, срамежливи и нервозни и понекогаш тешко се спријателуваат. Тие за одредени аспекти на животот се песимисти. Ги ценат врските и се лојални. Не сакаат промени. Ја сакаат природата, а ги мразат гужвите. Имаат потреба од приватно место само за нив. Знаат да бидат неодлучни. Добри се за во тимска работа, успешно ги почитуваат правилата.

Крвна група Б
Околу 9% од светската популација има крвна група Б позитив, а 2% Б негатив
Тие се весели луѓе, вечни оптимисти, активни, чувствителни, љубезни, знаат да простат, неорганизирани, гласни, себични.

Секогаш се енергични и успеваат да најдат поттик за да стигнат до поставените цели. Понекогаш знаат да бидат вистински зависници од работа. Не се тимски играчи и се индивидуалисти. Сакаат тие да го диктираат темпото на работите. Имаат силна личност и се големи авантуристи. Сакаат да живеат на свој начин. Друштвени се и уживаат во забави.

Крвна група АБ
Околу 4% од светската популација има крвна група АБ позитив, а 1% АБ негатив.

Овие луѓе сакаат да се дружат, сочувствуваат со другите, големи дипломати се, креативни , непредвидливи, уметници во душа, флексибилни, со променливо расположение.

Лицата со крвна група АБ се спој на сосема спротивни особини. Со некои луѓе се срамежливи додека со други се однесуваат отворено. Истовремено се и интровертни и екстровернти. Непредвидливи се.  Често нивниот надворешен изглед не упатува дека се мирни личности. Добри се во откривањае и решавање на проблеми.Сакаат да се забавуваат, но брзо се им станува здодевно. Заводливи се. Никогаш не го сфаќаат животот здраво за готово. Мистериозни се на моменти.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1