Зошто Албанците масовно го напуштаат Косово „како по команда“?


Масовните миграции на Албанците од Косово во земјите од ЕУ во последните шест месеци се организирани и разработени до последен детаљ, со цел косовските власти да избегнат социјални немири, пишува Блиц.

Вака податоците од приштинскиот печат, според кои во последните шест месеци од Косово си заминале меѓу 60.000 и 100.000 луѓе, и наглите масовни нелегални миграции и барањето азил во Европа ги гледаат српските институции, но и самите Албанци од Косово. Тие тврдат дека косовската влада не прави ништо за да го спречи мигрирањето на Албанците во ЕУ, бидејќи тоа е единствениот начин да се сочува социјалниот мир.

Foto - Blic.rs

Foto – Blic.rs

„На Косово животниот стандард е значително понизок отколку во регионот. Европа има сѐ повеќе барања од властите и тие веќе нема да можат да го купуваат мирот со тоа што ќе им дозволат на граѓаните да не плаќаат струја, слободно да се занимаваат со шверц и слично. На миграција е поттикнат речиси целиот среден слој од населението, кој сѐ погласно се буни поради состојбата. Од есента минатата година ненадејно на социјалните мрежи како вирус почнаа да се шират информации за можноста за иселување во ЕУ“, изјавил избор од српските безбедносни служби за Блиц.

На Интернет така била сервирана информацијата дека „Германија, Швајцарија и Франција ги отвориле своите врати за имигрантите од Косово“, па следувале приказни на разни Албанци што таму заминале и „обезбедиле подобра иднина за своите деца“. Бил презентиран и начин за стигнување во овие земји, кои се луѓето што можат да помогнат и слично. Потоа на социјалните мрежи биле потенцирани приказните за ураниумот што бил фрлан при бомбардирањата на НАТО и порастот на смртноста.KOSOVO egzodus begalci

Српската полиција, која ги пресретнува бегалците на својата граница со Унгарија, воопшто не се сомнева дека миграцијата е организирана, бидејќи кај емигрантите била наоѓана истата сума пари, а станувало збор за луѓе од средната класа, со деца. Овие информации за Блиц ги потврдиле и самите Албанци во Приштина.

„Тројца мои познаници вчера го напуштија Косово иако не живееја на работ на сиромаштијата, туку едноставно сакаа подобар живот за себе. Доста им е од изолираноста, а доколку и имаат работа, слабо се платени. Затоа ја користат шансата да заминат, бидејќи не е тешко да се минат границите. За тоа сведочи и бројот на луѓето што успеале да го направат тоа“, изјавил Уран Хаха.A Kosovar woman holds her child as they warm up around an open fire after they crossed illegally the Hungarian-Serbian border near the village of Asotthalom

„Не е лесно да се остави сѐ, да се отпишат децата од училиште. Прашањето до владата е како да го оставам детето тука ако знам дека нема да има работа и иднина: имам работа, но не и плата од која можам нормално да живеам. Ние ги немаме ни елементарните услови за живот, тоа е поентата. Доколку луѓето не си заминат, ќе има големи немири“, кажал Хаха.

Приштинските медиуми пишуваат дека дури 18 отсто од граѓаните на Косово живеат во екстремна сиромаштија, а невработеноста е над 60 отсто.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1