10 држави кои нема да постојат во иднина, меѓу нив и светски сили


Околу десетина држави до 2115 нема веќе да постојат во ист облик како денес, пишува Ројтерс повикувајќи се на претпоставките на порталот Toptenz.net.

Причина за тоа се природни катастрофи и политички последици.mapa.jpg500

Како што 20-тиот век го донесе падот на Австро-Унгарија и СССР, така и наредниот век ќе донесе промени за неколку држави.

Кирибати, Холандија, Белика Британија, Канада, Јужен Судан, Тајван, Палестина, Северна Кореја, Хаити и Силенд се најдоа на листата на земји кои ќе се соочат со промени.

Кирибати, остров држава во Тихиот Океан може да исчезне како резултат на зголемувањето на нивото на морето.

Што се однесува до Холандија , климатските промени би можеле да играат клучна улога, ако се има предвид дека оваа земја е во голема мера под морското ниво.

Во Велика Британија, според порталот , причините се политички. Честите повици за референдум може да бидат причина Велика Британија до 2115-та година, да не постои во сегашната форма .

За Канада, губењето на Квебек – каде што една четвртина од населението главно е француско, може да воведе до распад на останатиот дел од земјата под притисок на регионални разлики и сепаратистички движења.

Што се однесува до Тајван, на порталот се наведува дека тоа е само прашање на време кога ќе се спои со Кина.

 

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1