10 години од загинувањето на Борис Трајковски


Покојниот претседател Борис Трајковски остави пример, не задолжи да го следиме патот кој значи безусловна посветеност кон сопствената држава. Ова го истакна претседателот на Собранието, Трајков Вељановски на комеморациска академија за улогата на трагично загинатиот претседател Борис Трајковски како државник. Да се соединат различни луѓе од различно потекло и различни ставови…беше намерата на претседателот Трајковски,  потенцира Вељановски.
Trajkovski_kinger_0_1„Кога народот и политичките елити беа со вжештени глави тој беше гласот на разумот, кога многумина понесени од не приликите повикуваа на поделби тој повикуваше на мир и сплотеност, кога многумина ја користеа верата за разединување и дефинирање на различни страни  тој ја користеше за обединување на сите граѓани укажувајќи им дека во место за сите“ истакна Вељановски.
На религискиот форум што се одржа денеска во чест на 10 годишнината од загинувањето на претседателот неговата сопруга Вилма Трајковска истакна дека   честопати во своите излагања знаел  да рече,  да бидеш претседател и да бидеш свештеник е сосема иста работа, како што свештеникот ги соединува луѓето така и претседателот треба да ги соединува луѓето од различно потекло и со различни мислења. На форумот учествуваа и сите лидери на верските заедници од земјава.
„Беше исполнет со силна вера во Бога и длабока верба во својот народ и Татковината и често повикуваше да се верува во Бога, во луѓето и во Македонија. Беше не само член на Евангелско-методистичката црква туку и меѓу водачите на таа заедница во Република Македонија“, рече Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан.
„Тој ги почитуваше верските вредности. Со своите дела и однесување секогаш ќе остане незаборавен за нашето општество и за нашата средина“, истакна Поглаварот на Исламската верска заедница Реис ул Улема Хаџи Сулејман ефенди Реџепи.
На 10 год од загинувањата на претседателот Борис Трајковски државна делегација предводена од шефот на државата Ѓорге Иванов ќе го посети Мостар.
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1