Скопјанецот делата за кои му се судеше ги направил во ноември 2012 и јануари 2013 година, кога нападнал 3 малолетни девојчиња во Скопје.
Првиот случај е кога нападнал девојче на плоштадот Македонија откако го следел подолго време. Ја однел во зграда во непосредна близина, но девојчето успеало да му побегне.
Во вториот случај повторно среде бел ден нападнал 10 годишно девојче во Карпош 4. Педофилот ја соблекувал и ја допирал, но за среќа девојчето успеало да избега.
Во третиот случај се товари за силување во обид. Во населбата Карпош 3 ја начекал жртвата ѝ ставил рака на уста и ја турнал на земја, но девојчето успеало да побегне.
Пеедофилот беше уапсен на 27 јануари, од кога и се наоѓа во притвор.