10 годишни деца се обиделе да убијат наставничка – и ставиле жива сода во кафето


Двајца ученици од основото училиште во Лимингтон Спа,во близината на англискиот град Ковентри,се обиделе да ја повредат својата учителка,ставајќи и жива сода во нејзиното кафе.

kafe1-650x325-600x300Учителката останала неповредена,затоа што навреме забележала дека кафето во нејзиниот филџан е „необично“ па не се напила од затруениот напиток.

„Напаѓачите“ се две машки деца, на возраст од 10 години,а управата на училиштето,веднаш по откривањето на инцидентот, ја повикала локалната полиција,за да го испита целиот случај.

Локалните и лондонските медиуми,на овој инцидент во Лимингтон Спа му даваат забележителен публицитет,затоа што се случил само еден ден по бруталното убиство на една друга учителка,во Лидс, која беше избодена до смрт со нож,од својот ученик,пред очите на другите ученици.

Засега не се знае што ги натерало децата да се обидат да ја отрујат својата учителка со „течност за која се верува дека е жива сода,или нешто слично на тоа“.

Претставник на полицијата во Ковентри изјави дека,сепак, нема да се води истрага,ниту полицијата ќе се занимава со случајот на двајцата малолетници.

Станува збор за „изолиран инцидент“ и се верува дека малите ученици „не ја сфатиле доволно сериозноста на својата постапка,како и што од неа може да се случи“ -се вели во објаснувањето на полицијата. Решавањето на инцидентот,полицијата им го препушти на управата на училиштето и на неговиот директор.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1