10 најголеми измами кои им донеле многу пари


Продавање на Ајфеловата Кула, знаменитости на Њујорк, предавање земјишта во земји кои воопшто не постојат, проневери со чекови, контакт со мртвите…, се само некои од начините преку кои неколку итри луѓе во минатото се збогатиле без многу напор и без вистински вложен труд.

Ponzi 2Понзиева измама

Чарлс Понзи бил бизнисмен од италијанско потекло, кој “работел” во САД и Канада во почетокот на 20 век. На неговите “партнери”, им ветувал дека парите кои му ги позајмиле ќе им бидат вратени за 45 дена со 50 проценти камата. Интересно е што на почетокот навистина тоа и го правел на начин што на старите клиенти им ги давал парите што ги добивал од новите клиенти,што станало познато како “Понзиева измама” за збогатување.

Puding 2Пудинг измама

Дека ваквите измами не се резервирани само за минатото, покажува случајот од 1999 година година. Наставникот Дејвид Филипс сфатил дека ако купи 12.150 чаши пудинг (и за нив потроши 3.500 долари) добива, благодарение на специјална акција која била во тек, 1.250.000 милји во воздушниот сообраќај, или 50 слободни летови низ Соединетите Американски Држави.

Изборот паднал на пудинг, бидејќи бил еден од најевтините производи на компанијата која ја иницирала акцијата “здрав избор” и која нудела за секои десет бар-кодови,500 километри лет. На крајот, Филипс направил добро дело со донирање на добротворниот пудинг, кој му обезбедил одбивање од данокот.

Frank Abagnejl 2Фати ме, ако можеш

Френк Абингејл бил човекот зад еден од најголемите измами со чекови. Пред неговиот 21 роденден успешно се претставувал како пилот, адвокат, универзитетски професор и лекар.

Лажните чекови ги “делел” во сите американски држави, како и во 26 други земји. По неговите авантури снимен филмот “Фати ме ако можеш” со Леонардо ДиКаприо во главната улога.

Dzejms FrejМилион лаги

Џејмс Фреј напишал книга наречена “A Million Little Pieces” за неговата криминална историја и борба со наркотици.

Книгата станала хит, тој добил армија од фанови и заработил милиони, но целата приказна всушност била само фантазија на авторот.

KafaКога се двоумите, тужете

Стела Либек, 79-годишна жена од Алберкурки во Ново Мексико, го истурила своето кафе “Mekdonaldsove” во нејзиниот скут и страдала од изгореници од трет степен .

Таа ја тужела компанијата Мекдоналдс, и на крајот го добила еден милион долари отштета.

Foks sestre

Во контакт со духови

Сестрите Фокс кои живееле во 19-от век биле познати по тоа што наводно биле способни да комуницираат со духови. Поради овој “дар” со години биле способни да заработат скромно богатство, за да на крајот ја признале измама и го дочекале нивниот крај во сиромаштијата.

Lori StiliСо лажна болест, до многу пари

Еден од поновите примери на ваква измама е онаа од страна на Лори Стил, жена од Њу Џерси којадве години се преправала дека има рак на мочниот меур во напредна фаза.
Таа ги лажела и сопствените деца, а преку донации успеала заработи десетици илјади долари. Дури напишала книга за нејзината “борба”.

Ajfelova kulaАјфелова кула на продажба

Виктор Лустиг бил познат измамник, кој станал познат со генијалната идеја да ја продаде Ајфеловата кула за “старо железо”.
Кога прочитал во весникот за ситуацијата во која се наоѓа кулата, испратил писма до многу трговци со метали, претставувајќи се како државен функционер кој бара купувач.

NjujorkГрадот на лагите

Колегата кој го надмина Лустиг бил Џорџ Паркер. Паркер ги “продаваал” обележјата во Њујорк, вклучувајќи ги Медисон Сквер Гарден, музејот “Метрополитен”, Статуата на слободата, гробот на генерал Грант, и најпопуларната “роба” – Бруклинскиот мост, кој се “продавал” двапати неделно – со години!

PojasЛажна замја

Најгенијалената измама била онаа на Шкотланѓанецот Грегор МекГрегор, кој по престојот во Јужна Америка, се вратил во Англија. Овој авантурист измислил целата земја, што ја нарекувал Појаис, и дури направил водич кој ги опишува сите природни и минерални богатства на оваа островска земја.

Повеќе од 250 луѓе поверувале во Ветената земја, платиле за земјиштето во идната колонија. Додека тие сфатиле дека биле измамени, лукавиот Шкотланѓанецот веќе бил во Франција, продавајќи парчиња од ветеното земјиште и на тамошните наивци.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1