ФОТО: Во ова шишенце советниците на СДСМ внеле алкохол во Собранието – добија отказ


Press24 преку свои извори дојде до вештачењето на МВР заедно со шишенцето во кое опозициските советници се обидоа да прошверцуваат алкохол.

viski240 процентен алкохол имало во ова шишенце кое советниците на позицијата се обида да му го прошверцуваат на собраниското обезбедување, ноќта пред 24 декември, додека протестираат во Собранието. Press24 ексклузивно дојде до фотографиите од вештачењето како и извештајот во кој стои дека станува збор за алкохол, а извори на порталот тврдат дека во ова шишенце имало виски.

Покрај ова шишенце, носеле и едно големо пластично шише од 1,5 литри, во кое најверојатно исто така имало алкохол, но кога обезбедувањето забележало дека се внесуваат супстанци кои не се дозволени, советниците им го одзеле од раце и го истуриле пред вратата. Сепак ова шишенце останало во рацете на обезбедувањето, а анализата на полицијата покажа дека е алкохол по што советниците на опозицијата, добија отказ.
Опозициската советничка Калинка Габер, една од оние кои добија отказ, тогаш изјави дека гордо си ја вршела работата.

Izvor/Foto – Press24

img7088

viski2

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1