Повеќе од 10% од американците тврдат дека имале блиски средби со вонземјани.
Поаѓајки од таа бројка, фотографот Стивен Хирч ги фотографирал луѓето кои тврделе дека виделе вонземјани а серијата на фотографии ја нарекол „Мали лепливи нозе“ според објаснувањето на еден од сведоците за тоа како изгледал вонземјанинот
„Имав блиски средби со различни видови на живи суштества. Но имав и блиски средби со вонземјани и тоа различни видови на вонземјани. Никогаш порано немав искусено безусловна љубов пред да ја запознаам Blue Arcturian.“-Синтија
„Беше 5-ти ноември 1975, јас заедно со уште 6 други луѓе си заминувавме од работа. Моравме да поминеме низ шума кога забележавме НЛО како се симнува од небото токму над нас. Видов само заслепувачка светлина и една неопислива сила ме повлече нагоре. Моите колеги од работа беа обвинети за мое убиство, како и дека измислиле приказна дека сум исчезнат. Полицијата ги стави на детектор за лаги и иако сите го поминаа и иако им објаснуваа никој не им поверува. Па мој совет е, доколку обвинувате некого имајте ги сите докази и факти па потоа сторете го тоа.“- Тревис
„Им кажував постојано: Сакам да останам со вас. Не сакам да си одам! И почнував да плачам. Им објаснував дека ми се допаѓа тука, дека припаѓам тука. И тогаш тие ми рекоа дека сеуште не дојдено моето време. Дека морам да помогнам да се спаси планетата Земја. Ете, само на тоа се сеќавам.“- Стефан
„Престанаа да доаѓаат пред неколку години. Јас сум многу разочаран. Сакав кога доаѓаа. Се надевав дека ќе научам нешто од нив. Но тие никогаш не ми зборуваа, освен кога ми пренесуваа порака. А пораката беше да престанам да зборувам…“- Теренс
„Тие не ме испрашуваа, навистна ништо не ми правеа. Едноставно ми ги отворија очите. Беше помалку лудо, затоа што порано длабоко во себе посакував да ми се случи таква средба за да имам доказ дека постојат. И се случи!“- Себастијан
„Ме учеа работи кои јас треба да ги пренесам на другите луѓе кои живеат тука на Земјата. Но јас не ја завршувам баш најдобро таа работа…Ми зборуваа за чистење на околината, да бидеме подобри едни со други, како и да шириме љубов. Истотака, многу значајна работа за нив е да се уништи нуклеарното оружје.“- Вивиан
„Ме пуштија за да ја завршам рабоата која ми ја доделија. А јас ја завршив. Календарот на Маите отчукува. Нашата аура сега е во „трета димензија“. Ова е мојот најзначаен живот!“- Џејмс
„Видов чудна силуета како стои до мојот кревет. Наеднаш ме обиколи сина светлина и се најдов во една соларна област. Тогаш му се обратив: Дали можеш да ми го покажеш вашиот вселенски брод?“- Џон
„Целиот мој живот имав визии кои едноставно не можев да ги контролирам. Прв пат вонземјаните ме зедоа кога имав 16 години. Бев дигнат во воздухот од некоја чудна сила и не ја чувствував гравитацијата. Од лева страна беа застанати тие. Сиви вонземјани и разговара меѓу себе, многу чудно..мене ми звучеа само на неартикулирани звуци“- Себастијан
„Погледнав во далечината и видов како светло се спушта над планината. Тоа беше НЛО. Тогаш јас извикав: Ако доаѓате по мене, направете го тоа побрзо. И ште го немав доискажано последниот збор кога вселенскиот брод со брзина на светлината долета над мене. Беше огромен!“- Брус