119 педофили се објавени на Интернет со фото и адреси


Вкуп­но 119 педофили во Македонија се ставени во регистарот, кој на по­себ­на Интернет страница од лани го објавува Министерството за труд и социјална по­ли­ти­ка. Ко­га во мај минатата година беше направен регистарот на педофили, има­ше 68 осудени лица.

velika-britanija-pedofil-1328585176-31983На Интернет се ставени фотографиите, имињата и презимињата на сите лица што во земјава се осудени за кривичните де­ла сексуална злоупотреба на деца и педофилија. Јавни се и адресите на кои живеат педофилите, датумот на нивното раѓање, како и кривичното де­ло за кое се осудени. Освен педофилите, во регистарот се објавени и мак­ро­и­те, лица што снимаат и дистрибуираат детска порнографија, како и оние што се осудени за трговија со деца.

Од вкупниот број осудени педофили, 9 веќе ја отслужиле казната затвор, но тие се должни до крајот на нивниот живот, еднаш годишно, 5 дена пред нив­ни­от роденден, да се пријавуваат кај надлежниот судски орган во мес­то­то во кое живеат или престојуваат. Тие, задолжително, ќе треба да при­ја­ват и доколку го сменат местото на живеење.

pedofil siluvanjeПе­до­фи­ли­те може да побараат да бидат симнати од регистарот, под ус­лов да не го повторат делото во период од 10 години по истекот на каз­на­та за која биле осудени. Одлука за тоа ќе донесе судот, по претходно мис­ле­ње од центарот за социјална работа
Во Законот за регистар, на педофилите им се забранува да се врткаат око­лу детски градинки, училишта, детски паркови, детски игралишта, иг­ро­те­ки, а граѓаните се должни да ги пријават во полиција доколку ги за­бе­ле­жат.

Си­те случаи на сексуална злоупотреба на деца може да се пријават на СОС телефонот 15 505.

Извор – Вест

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1