12 год. преплашено девојче пукало во провалник (Видео/Фото)


,, Кога видов како се врти рачката од вратата само затворив очи и стрелав,, 12 годишно девојче кое било само дома се скрило во орманот кога провалникот влегол во куќата.

12 годишно девојче е прогласено за херој откако пукаше во провалник со пиштолот кој го нашла во орманот каде се сокрила.

Kendra St Clair, од Оклахома била сама дома кога чула како некој го крши прозорецот и влегува во нивната куќа.

Веднаш и свртела на мајка си и прашала што да прави. Преплашената мајка и рекла да оди во орманот во спалната да го најде пиштолот и да се притаи се додека не биде сигурна дека провалникот заминал, или додека таа и полицијата не стасаат.

Се сокрила и чекала, мислела дека заминал но се престрашила кога тој се фатил за кваката. Затворила очи и стрелала преку дрвената врата.

Напаѓачот бил погоден и е уапсен. ,,му благодарам на господ што го имавме тој пиштол дома, што ли ќе стореше тој провалник доколку не стрелаше ќерка ми несакам ниту да помислам, изјавила мајката

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1