Дете на возраст од околу 12 години е прегазено на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов во близина на Католичката црква, објави порталот Курир.
Очевидци за порталот велат дека детето било удрено од џип Туарег додека го поминувал пешачкиот премин. Од ударот малолетникот бил отфрлен неколку метри, а за несреќата сведочи едната патика која му паднала при ударот.
Од полицијата за Курир jа потврдуваат несреќата информирајќи дека детето било веднаш пренесено во Ургентниот центар во Скопје.
Полицијата е на лице место каде во тек е увидот.