Дури 12 навивачи на Вардар се повредени при експлозија на шок бомба во делот каде што беше толпата. Повредените веднаш се пренесени во битолската болница. Од нив има неколку кои се со сериозни повреди, па се прават напори за да им се укаже сета помош.
– Дури 12 навивачи на Вардар се префрлени во болницата во Битола, а тројца од нив се наоѓаат во тешка состојба. Над нив се извршуваат хируршки интервенции, но повредите се сериозни. Еден од нив речиси и да ја има загубено раката, а другите се жалат на повреди на раце, нозе, во пределот на главата… Ситуацијата е навистина лоша – изјавува за порталот Tелеграф.мк еден од спасувачите.
Според информациите, поради сериозноста на повредата, навивачот со разнесена дланка со возило на Брза Помош итно е префрлен на скопските Клиники.
Тој е однесен во болница во Скопје за да му биде извршена комплицирана хируршка интервенција за да му се спаси раката.
Повредата настанала откако на трибината на стадионот на Пелистер во Битола била активирана полициска шок -бомба, пред крајот на фудбалското дерби Пелистер-Вардар.
И „чкембарите“ и „комитите“ ја осудуваат реакцијата на полицијата, а вакви моменти дефинитивно не му се потребни на македонскиот фудбал.
Цела Македонија во шок – на навивачот на Вардар ќе му биде ампутирана раката (ФОТО)