13 начини како да дознаете дали САД ве шпиунира


Националната безбедносна агенција или НСА е примарна криптографска и сигнално разузнавачка агенција во Америка. За да ги шпиунира странските комуникациски системи, таа управува со платформа за собирање податоци во над 50 земји и користи авиони, подморници, воени бродови и сателити, посебно прилагодени камиони и паметно прекриени антени. Таа успева да разбие криптографски состави на поголем дел од своите цели и се гордее со праќање на првокласни информации на претседателот на САД.

Israel-spy-ringВо Америка шпиунирњетоа и собирањето на податоци е регулирано од страна на Разузнавачкио надзорен закон донесен во 1978 годиниа за да се осигура правна рамка за пресретнување на комуникациите поврзани со надзорот во странство.
Значи големото прашање кое секој се прашува е дали НСА го чита мојот мејл. На основа на поранешниот директор на агенцијата за национална сигурност на министерството за правда, адвокатите и други кои се вклучени во работата со НСА, еве како може да откриете дали НСА ве следи токму вас.

1. Ако редовно повикуватре луѓе во Авганистан, Пакистан, Јемен, вашите телефонски повици веројатно поминуваат низ компјутерот на НСА. Сепак ако повикувате роднини, пријатели или трговци никој во НСА нема да го знае вашето име затоа што програмата ги чисти идентификациските податоци.

2. Ако праќате мејл од ај-пи адреса која се користела од страна на човек кој имал минато поврзано со тероризам, НСА сигурно ја следи таа адреса

3. Ако сте адвокат или сте биле на некој кој официјално е обвинет за тероризам, постои шанса НСА да има или имала, (но веќе не може да пристапи ) листа на телефонски повици. Одборот на Сенатот за собирање на податоци наведува дека измените и дополнението на Законот не бараат погрешно собраните материјали да мора да бидат уништени.

4. Ако работите како член на „Индустриската база на одбрана“, на чувствителни проекти и вашата компанија користи Verzion и AT&T оператори, вашиот мејл веројатно е скениран од страна на компјутерите на НСА.

telefon spion5. Пред 2007 година ако сте работеле во странство или сте биле во близина на воена зона, а сте американски државјанин, постои шанса да сте на листата на луѓе од кои треба да се „собираат податоци“.

6. Ако од септември 2001 до април 2004 година сте звонеле или сте пракале мејл од подрачје поврзано со тероризам, а при тоа сте користеле американски интернет фирми, вашата евиденција на трансакциски податоци најверојатно е собрана од страна на телекомуникациската фирма и е пратена во НСА, а записите се анализирани. НАС би морала да ги праша телекомуникациските фирми за транша на податоци кои се во врска со одредени интереси на заедницата, а потоа користи разни класифицирани и некласифицирани техники за предвидување на темел на нивните анализи кои ќе покажат дали податоците може да се поврзани со тероризам.

7. Постои можност НСА да проследува податоци кон ФБИ поради некоја истрага. Постои мала шанса ФБИ да реагира кон овие информации

8. Ако НСА добие дозвола од судот за собирање на податоци за корпорациите или невладини фирми кои може да бидат поврзани со тероризам, а вашата фирма, која е потполно одвоена од организацијата, се наоѓа во истата зграда или имате склучено договор за делење на интернет постои можност НСА да ги собира вашите службени мејлови и телефонски повици.

9. Ако го дефинирате зборот „собирање“ во најширока смисла, постои можност ако НСА сака да ги добие вашите трансакциски податоци во реално време и да го знае вашиот вистински идентитет, и може да ве поврзе со тероризам, во рок од 72 часа ќе бидете на листата на луѓе од кои е неопходно да се „собираат податоци“.

10. Ако било која од вашите комуникации случајно или ненамерно е прислушувана од страна на НСА тие податоци веројатно се уште некаде постојат. Главното име на НСА сигналните разузнавачки бази за податоци имаат кодно име PINWALE.

spion

11. Ако потекнувате од арапско подрачје и идете во џамија чиј имам е поврзан со некоја исламска невладина организација, за која американците сметаат дека е приврзана кон тероризмот, компјутерите на НСА веројатно ги анализираат податоците од телефонските комуникации и мејлови.

12. Ако вашите податоци некој ги пресретнал или собрал од страна на Русија, Кина, Израел или ако сте патувале во тие земји, ФБИ сигурно ги има собрано и складирано во Вашингтон.

13. Ако не сте криминалец или терорист, шансите некој аналитичар од НСА да се занимава со вас и да ги слуша вашите телефонски разговори се бескрајно мали со оглед на технолошките предизвици поврзани со програмата, а да не зборуваме за недостатокот на работна сила на располагање. Дури и да се случило ненамерно собирање на податоци, тоа би било избришано.

Само триесет луѓе во НСА имаат овластување за читање на содржини на собран материјал и за секој од нив треба налог. Четири до пет луѓе го следат циклусот на собирање на податоци, а над илјада надвор од НСА знаат за поединостите на програмата. Ако дознаете дека и вие сте следен (иако шансите за тоа се подминимални), може да ги тужите, но Владата ќе се повика на привилегијата за државна тајна, а судиите веројатно ќе се сложат со нив дури и кога ќе можете да докажете дека безпотребно сте следени.

Александра Смилеска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1