14 год дете – поранешен ученик е „бомбашот“ од училиштето во Тетово


Полицијата го пронајде лицето кое претпладнево преку електронска порака се закани дека во основното училиште „Братство Мигени“ во Тетово има поставено бомба.

police-lenta-500Портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски за Курир потврди дека полицијата има осомничено лице за инцидентот. Станува збор за 14 ипол годишно момче од Тетово кое преку својот компјутер ја напишал и испратил електронската порака до повеќе наставници од училиштето барајќи 100.000 денари.

-Во координација со Јавното обвинителство и со судска наредба одземен е компјутерот на малолетникот и истиот е предаден на понатамошно вештачење. СВР Тетово превзема дополнителни мерки за расчистување на случајот, а со осомничениот малолетник ќе биде извршен разговор во присуство на неговите родители за да се утврдат мотивите и намерите за лажната дојава, изјави за Курир Јосифоски.

Малолетникот кој ја испрати порака потпишан под името „Лудак ретардиран“ е поранешен ученик во ОУ „Братство Мигени“. По пријавата на случајот училиштето беше евакуирано, а полициските екипи и екипи за антитероризам од Дирекцијата за заштита и спасување извршија целосен преглед на објектот и неговата околина, по што беше утврдено дека станува збор за лажна дојава за бомба.

Kurir

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1