„Слушај ја оваа сцена. Значи јас и мојот пријател Патрик, денес влегуваме во пекара да си купиме пица, пред да одиме во школо. Влегуваме и гледаме 80 годишна баба како проси. Е сега не проси за пари, туку за ХРАНА, ХРАНАААА. Па како не ви е жал, какоооо??!?
Мене срцето ми се скрши. Бараше малку леб од 2,35 куна. Ма и купив 3. Ете имам 14 години и срам ми е што живеам во Хрватска!“, во четвртокот објавил на службениот Facebook на владата на Хрватска, 14 годишниот Фран Сарајилија.
До денеска неговиот пост го лајкувале над 10,000 луѓе, а коментирале повеќе од 500. Се разбира реагирала и самата влада, напоменувајќи дека тие секојдневно работат.
„Оваа влада е на власт 10 месеци. Фран знаеме каква е ситуацијата, но работиме постојано. Не можат работите да се променат преку ноќ. Тешко е да се решат проблемите кои се таложеле со години и не се решавале. Потребно е уште малку трпение, но резултатите ќе стигнат“, стои во одговорот на владата.
Интересно е како се развива расправата, колку Владата е виновна за ваквите случаеви, затоа што истите постојат и во Америка. Некои во коментарите го обвиниле и 14 годишникот дека намерно го објавил ваквиот пост на Facebook на страницата на Владата, за да ги намали нејзините успеси.
„Дечкото не направил ништо лошо, ниту пак пишува некакви опасни пораки. Постот е напишан сосема пристојно и во склоп на неговите години, што за вашите коментари не може да се каже. Доколку на вам ви сметаат јавно изразените мислења на оваа страница слободно можете да не ги читате, а ако имате проблем со варењето, јадете повеќе влакна“, пишува еден во одбрана на 14 годишното момче кој собра најголем број на лајкови и поддршка.