14 мигранти загинаа во близина на Велес, ги прегази меѓународен воз


Во близина на Велес синоќа околу 22.30 часот меѓу железничките станици „Рајко Жинзифов“ и „Пчиња“ меѓународен воз, кој сообраќа на релација Солун – Белград, прегазил 14 мигранти.

voz-udri-covek-31367347932_thumb_medium490_0

На местото на  железничката несреќа, екипи на прва помош стигнале од Скопје и Велес. Увид  за несреќата направиле екипи на СВР Велес, јавен обвинител и стручни лица на Македонски железници.

Телата на загинатите, како што информира Анита Стојковска, портпарол на СВР Велес, се наоѓаат во капелата на градските гробишта во Велес.

Стојковска додава дека осум мигранти се приведени и се наоѓаат во Полициската станица во Велес, а имало и поголема група  мигранти кои побегнале од местото на несреќата.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1