15 ГОД МАKЕДОНKА ПРЕБЕГАЛА ВО СИРИЈА: Преминав во ислам, не грижете се, добро сум!


Петнаесетгодишно девојче родено во Скопје, кое со родителите пред неколку години се преселило во Лиеж, Белгија, преминало во ислам и додека било на одмор во родниот град скришно заминало во Сирија, дознава „Дневник“. Во Министерството за внатрешни работи потврдуваат дека девојчето е пријавено како исчезнато, но не даваат повеќе детали за случајот, ниту за нејзиниот идентитет.

– На 15 јули во Скопје е пријавено исчезнување на девојчето. По неа првин беше распишана локална, а потоа и национална објава за потрага по исчезнато лице. Во постојан контакт сме со белгиската полиција и трагаме по девојчето – изјави Иво Kотевски, помошник на министерот за внатрешни работи за односи со јавноста.

Vivre ˆ TŽhŽran: entre l'islam et la tentation de l'OccidentДевојчето, родено во Скопје, со родителите и сестрата живеело во Лиеж. Таа и сестра ~ речиси секое лето доаѓале во Македонија и распустот го минувале кај баба им. Годинава во Скопје дошле на 30 јуни. Двете девојки патувале сами затоа што македонските закони дозволуваат малолетници постари од 14 години да патуваат без придружба на родител. На 15 јули бабата пријавила дека девојчето исчезнало.

Полицијата почнала локална, а потоа и потрага во земјата. Биле проверени и граничните премини, но нејзиното име не се појавувало во евиденцијата на минувања на државната граница. Но, затоа се појавило името на нејзината 19-годишна сестра. Подоцна било утврдено дека тој ден девојчето заминало на скопскиот аеродром и со пасошот на својата сестра влегла во авион кој од Скопје летал за Истанбул. Невообичаено за неа, тој ден девојката се нашминкала и ја собрала косата за да личи на сликата на пасошот.

По извесно време од ненадејното исчезнување девојчето им пратило преку телефон СМС порака на родителите. Во неа навела дека го напуштила христијанството и преминала во ислам, дека е во Сирија и дека е добра. На родителите им потенцирала да не се грижат за неа.

Засега нема потврдени информации зошто малолетното девојче заминало во Сирија, дали ~ пристапило на некоја од завојуваните страни и каде точно се наоѓа во земјата во која беснее граѓанска војна и секој ден се бројат десетици загинати.

Истрагата што се води во Македонија утврдила дека таа за време на кратките престои во земјава немала контакти со радикални исламисти, ниту какви било слични радикални структури. Се претпоставува дека девојчето било индоктринирано во Белгија, од млади муслимани со кои се дружела, но засега нема потврдени информации каде, како и што конкретно се случувало со неа додека била на улиците на Лиеж. МВР не ги коментира овие наводи.

Ова е прв случај на македонска државјанка да замине во Сирија. Досега нема официјален податок колку македонски државјани заминале да се борат во Сирија, но официјално е потврдено дека деветмина загинале во Сирија и еден во Ирак. Сите биле вахабисти и се бореле во исламистичките групи Џабха ал-Нусра и Исламска држава. Седуммина од загинатите биле жители на скопската општина Чаир. Тројца македонски државјани во Сирија заминале од Германија и Австрија, каде што живееле. Инаку неофицијално се зборува за уште неколку загинати, но освен на фејсбук форумите нема потврда за тоа.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1