15 години работел како полицаец со лажна диплома


СВР-Куманово поднесе кривична пријава против Б.М. (59) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување и И.М. (38) од с. Ваксинце поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело употреба на исправа со невистинита содржина.

Првопријавениот, кој бил вработен во ОССУ „Гоце Стојчевски“ – Тетово како училиштен социлог во својство на одговорен наставник за вонредни ученици во училиштето, во повеќе наврати своерачно внел и запишал лажни податоци и невистинита содржина во педагошки евиденции за И.М. за текстилна струка, насока – предач, кои се воделе во ОССУ „Гоце Стојчевски“ од Тетово.

И.М. и покрај тоа што знаел дека свидетелствата и дипломата за положен завршен испит кои му биле издадени во 2002 година се лажни и со невистинита содржина, ги употребил како вистински и како доказ во правниот сообраќај и тоа кај нотар од Куманово при заверка на истите.

Потоа тие документи ги употребил при засновање на работен однос на неопределено време по оглас од работодавецот МВР на РМ како приправник-полицаец во СВР Куманово, сметано од 5.5.2003 година. Но документите ги употребил и во текот на сите понатамошни распоредувања во полициски станици, за што од МВР на РМ од 5.5.2003 година до септември 2017 година по основ на право на плата, додатоци на плата по разни основи и придонеси му се исплатени 173 месечни бруто-плати, за кој износ го оштетил Буџетот на Р.Македонија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1