Филмско грабнување во Скопје: Му ставиле вреќа на глава и го претепале


Од полицијата соопштуваат дека вчера во 23:55 часот во полициската станица во Драчево, Б.К. телефонски пријавила дека нејзиниот внук К. Б. (20) од с. Батинци, истиот ден околу 22:20 часот тргнал пеш од с. Љубош и на околу 50 метри пред неговиот дом застанало возило од кое излегле неколку лица кои му ставиле вреќа на главата, го ставиле во возилото и напуштиле местото на настанот.

По некое време К.Б се разбудил повреден на место викано Ќупријан во близина на с. Батинци. Тој пеш се упатил кон својот дом. Од страна на неговата тетка, со која живеел, била повикана Итна медицинска помош при што лицето било однесено во Ургентниот центар во Скопје, а потоа К.Б. бил препратен во Градската општа болница„ 8 Септември“, каде што му е укажана лекарска помош и бил пуштен на домашно лекување.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР-Скопје, а за настанот бил запознат и јавен обвинител.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1