На влезот од Струга полицијата вчера запленила 152 килограми марихуана која била спакувана во повеќе кеси со разлчна тежина скриени во автомобил.
Министерството за внатрешни работи за денеска најави прес-конференција на која ќе биде презентирана запленетата дрога.
Последната заплена на марихуана се случи пред околу две недели кога беше запленет половина тон марихуана на граничниот премин Ќафасан.









