Токсичен облак – масовна евакуација во Буенос Аирес (Видео)


Магацин со отровни хемикалии експлодирал во Буенос Аирес, а над градот се создал голем облак од токсичен дим.

Експлозијата го потресе градското пристаниште кај терминалот 4, а на неопределено време се одложени дел од летовите и метро линиите.
Населението од неколку згради во близина на пристаништето беа евакуирани, а на останатите жители им било кажано да излезат и да ги затворат прозорите и исклучат клима уредите.
Некои луѓе во главниот град на Аргентина, се пожалиле на очите и проблеми со дишењето. Како што објавија дел од медиумите, во магацинот имало жива или пестициди, но локалните власти веруваат дека во нив имало и „ниско-токсичен“ отпад.

Tags:

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1