Промените во законот за заштита од пушењето ќе им го направат на пушачите кафето попријатно


Оваа зима ќе се пуши и во затворено. Сопствениците на кафулињата ќе се офајдат. Со новите измени на законот за заштита од пушењето се предвидува терасите кои се преградени со стаклени завеси и кои се загреваат да може да послужат ако место каде пушачите ќе може да го испијат на раат своето кафе. Со ова се предвидува зимава кафулињата да бидт полни.

Оваа година одлуката дека не смее да се заградува надворешниот простор на локалите е променета поради Законот за заштита од пушење, каде според Правилникот за поставување урбана опрема на јавна површина, усвоен од Советот на Град Скопје, височината на преградите може да биде 1,50 метри.

Ваквите простори дозволено е да се оградуваат со материјали кои не се фиксни како стакло, плексиглас и слично, засега правилата се почитуваат, но надлежните инспектори ќе ја следат состојбата на терен.

Share Button

Tags: , , , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1