16 год девојка го преживеала падот на авион – но ја прегазило возило кое дошло да ги спасува


Една од двете тинејџерки кои починаа во трагедијата која се случи во саботата во Сан Франциско кога боинг се урна при слетувањето, всушност ја преживеала несреќата, но починала откако била прегазна од најверојатно од некое од возилата кое дошло на местото да ги спасува патниците.

avionШеснаесет годишната девојка била пронајдена покрај тобоганот за евакуација покрај левото крило на летот 214.

-Судејќи според повредите кои ги констатиравме, можно е девојката во општиот хаос да е прегазена од едно од нашите возила или некое друго возило кое стигнало на местото на судирот. Нејзините повреди одговараат на повредите кои настануваат при газење на тело со возило. Тоа е моментално предмет на нашата истрага- вели Џоан Хејил Вајт, шеф на пожарникарската служба во Сан Франциско.

Патолозите се обидуваат да ги откријат причините за смртта кај тинејџерката, а резултати од обдукцијата се очекуваат во текот на оваа недела.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1