Илјадници Сиријци се качени на траекти до Атина од грчкиот остров Лезбос, откако ги ризикуваа своите животи во Егејското Море во патување од Турција, пишува весникот The Daily Express.
2500-те мигранти, кои тргнуваат од пристаништето во Митилини, се само мал дел од вкупно 160 илјади луѓе на пат кон грчката престолнина Атина. Грција е преплавена со голем број бегалци кои доаѓаат од источните егејски острови.Кризата со мигрантите ескалира во неделата, кога илјадници од нив преку Македонија влегоа во Србија.
Меѓу 10-те илјади претежно сириски бегалци имаше исцрпени жени со бебиња и мали деца, кои ја поминале границата пеш.