Балканот го напуштил со еден куфер, во Америка станал милионер


Кога во седумдесеттите години емигрирале од Вараждин во Канада, родителите на Роберт Херјавец со себе понеле еден куфер од 20 долари. Четири децении подоцна, тој раководи со работна империја, има богатство од 200 милиони долари и живее на Беверли Хилс.robert srbin milioner

Додека седи во својот нов стан во вредност од 3 милиони долари, и околу прстот ги врти клучевите од своето црвено “Ферари”, 52-годишниот Роберт Херјавец на прв поглед делува како некој кој не знае што значи да се биде гладен.

Меѓутоа, овој успешен бизнисмен сè уште како низ магла се сеќава на детството минато во Хрватска и преселбата во Канада.

“Го напуштивме домот со еден куфер и дојдовме во странска земја во потрага по подобар живот, иако никој од нас не знаеше ниту збор на англиски”, рекол Херјавец, пренесува Blic.rs.robert-herjavec-balkan-milioner-02

Според пишувањето на хрватските медиуми, неговото семејство било принудено да се пресели од земјата, бидејќи неговиот татко не можел да се вработи поради “критикувањето на Титовиот режим”.

Среќата на Хејравец му се насмеала неколку децении подоцна, кога се јавил на оглас во компанијата “IBM” и се понудил шест месеци да работи бесплатно. Во исто време бил келнер за да се прехрани, а полека напредувал во светот на технологијата.

Ја основал компанијата “БРАК Системс”, и ја продал на гигантот “AT&T” за 30 милиони долари. Денес е директор на “Хејравец групата”, еден од светските лидери на полето на безбедноста на интернет.

“Тежок” е 200 милиони долари, а покрај станот во Калифорнија, поседува и вила во Онтарио вредна седум и пол милиони долари. Тоа е најскапата куќа во цела Канада.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1