160 000 Сиријци се на пат кон Атина


Илјадници Сиријци се качени  на траекти до Атина од грчкиот остров Лезбос, откако ги ризикуваа своите животи во Егејското Море во патување од Турција, пишува весникот The Daily Express.migranti-500

2500-те мигранти, кои тргнуваат од пристаништето во Митилини, се само мал дел од вкупно 160 илјади луѓе на пат кон грчката престолнина Атина. Грција е преплавена со голем број бегалци кои доаѓаат од источните егејски острови.Кризата со мигрантите ескалира во неделата, кога илјадници од нив преку Македонија влегоа во Србија.

Меѓу 10-те илјади претежно сириски бегалци имаше исцрпени жени со бебиња и мали деца, кои ја поминале  границата пеш.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1