Проколнат“ бунар“ и видовита девојка: Се што ќе допре водата се претвора во камен (Видео)


Според локалната легенда во пештерата е родена ќерка на проститутка на која таткото е самиот ѓавол! Според легендата девојката можела да ја предвиди иднината и токму оваа пештера е турстичка атракција.

На брегот на реката Нид во северен Јоркшир во Англија се наоѓа мистичен бинер кој може да ги претвори предметите во камен. Со векови мештаните се уверени дека бунарот е проколнат. Тоа верување е поткрепено и со фактот што една од страните на ѕидот изгледа како голем череп.kamen pesterA

Според легендата секој што ќе ја допре водата на овој бунар, може да се претвори во камен. Авантуристите често оставаат разни предмети во бунарот.

Најстарите записи за бунарот се од 1538 година кога се верувало дека водата од бунарот е лековита. Според локалната легенда во пештерата која се наоѓа во близина на бунарот родена е Модер Шиптон, ќерка на локална проститутка.

Девојката била опишана како нагрдена, а се верувало дека нејзиниот татко е ѓаволот.

Подоцна приказната се проширила дека девојката имала натприродна моќ, како и тоа дека може да ја предвиди иднината. Наводно го предвидела падот на шпанската армада во 1588 година, големиот пожар во Лондон во 1666 година и изумот на телефонот.

Во 17 век бунарот станал туристичка атракција. Модерната наука заклучила дека во водата се наоѓа висока концентрација на минерали кои создаваат “прекривка“ околу предметите. Во водата има голема концентрација на калцит, па поради тоа не смее да се пие.

Канал5

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1