17 години мислел дека има СИДА – тестот бил погрешен – тужел, а добил само 4.000 евра


Србинот Драгиша Зекиќ 17 години живеел мислејќи дека има СИДА. Сега има 49 години, а дијагнозата му ја поставиле уште во 1986 година во клиничкиот центар во Белград.

,, Отидов на лекар поради висока температура пред 26 години, ми направија и СИДА текст тогаш беше актуелно и ме шокираа кога ми кажаа дека сум ХИВ позитивен, ми се сруши цел живот,, вели Драгиша.

Лекарите дури му кажале и дека не знаат колку живот му останува, дали ќе умре за 3 – 6 месеци или ќе умира со години. Човекот дури и редовно одел на терапии иако како што вели не се чуствувал болен, лекарите го убедувале дека сидата не секогаш дава симптоми.

Човекот се соочил со прогонство од луѓето, го напуштиле пријателите, ги изгубил сите работни места кога ќе дознаеле дека има сида. Агонијата му траела цели 17 години се до 2002 кога случајно на денот на сидата кога се правеле бесплатни тестови, одлучил да се тестира повторно да види до каде е болеста. Се шокирал кога тестот бил негативен. Не им верувал па направил втор, трет, четврт. 5 пати во еден ден лекарите му ваделе крв и дијагнозата била иста Драгиша ниту има ниту пак некогаш имал СИДА.

Тој поради сите трауми и уништениот живот ја тужел клиниката и спорот трае веќе неколку години. Драгиша вели мене ми е уништен веќе животот но битно ми беше да победам за да се упати порака до сите да не веруваат слепо на лекарите и тестовите, секогаш да проверуваат.

Нему веста му ја соопштил др Ѓорѓе Јефтовиќ а Драгиша тогаш имал само 22 години. Тестот кој му го правеле бил марка “Eliza”. Но освен тестот тој редовно одел и на контроли за да ја следи својата здраствена состојба и никој не открил дека тестот бил грешен.

Беше ужасно луѓето престанаа да се ракуваат со мене, сите ме избегнуваа. Работев, но во мензата откако јас ќе јадев ги фрлаа и кршеа тањирите и чашите, на крајот ме избркаа. Нашол и друга работа но и таму истото. На крајот социјалните работници му понудиле инвалидска пензија, знаејќи со какви маки се соочува. Разочаран, го напуштил и факултетот, немал љубов, немал ништо.

Сега после толку години кога судот пресуди во негова корист тој е задоволен. Но апсурд е што судот смета дека за 17 години уништен живот нему му следуваат само 450.000 динари оштета (4.000 евра)

Лекарот Јефтовиќ сега е началник на инфективната клиника, а на новинарите им ја спуштил слушалката и дрско им рекол немам време за новинари.

Драгиша сега е активен член на невладини организации против дискриминација на болни, бидејќи добро знае како тој бил третиран. Држи предавања и разговара со луѓето во обид да им помогне. 17 години од мојот живот само исчезнаа, ако ништо друго можам барем некому да му помогнам сега, и фала му на бога што сум здрав, вели Драгиша.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1