17 години од трагичната смрт на принцезата Дијана


На денешен ден загинa Дијана, принцезата од Велс (1 јули 1961, Сандрингам, Велика Британија – 31 август 1997, Париз, Франција) – , член на британското кралско семејство. Петнаесет години е сопруга на Чарлс, принцот од Велс.

Таа е мајка на вториот и третиот во редот на наследување на британскиот трон, принцовите Вилијам и Хенри. Нарекувана “принцеза на народот” таа е извонредна личност, придонела за развојот на Добротворните активности во светот со бројни настапи во оваа област.

princeza-dajana-1380925774-376219На 31 август 1997 година Дијана загинува во сообраќајна несреќа во тунел во Париз заедно со Доди ал Фајед и нивниот возач Анри Пол. Крвните тестови за алкохол покажуваат дека возачот пиел алкохол пред инцидентот. Нивниот Мерцедес-Бенц S280 се удри во столб на тунелот Алма. Тунел бил изграден без метални прегради помеѓу столбовите, како резултат на што и најмалото отстапување од правецот на движење лесно би се претворило во директен судир со столбовите.

princeza-dajana02-500x330

Трагичната смрт на Леди Дијана е предмет на многу спротивставени теории за причините, вклучувајќи ги и шпекулации за заговор на МИ6. Во 2005 година беше забранета ексхумација на нејзиното тело, што уште повеќе ги засили гласините за евентуалната бременост на принцезата пред нејзината смрт во август 1997.

На 14 декември 2006, по тригодишно истрага Скотланд Јард излегува со извештај дека автомобилската несреќа на Леди Дијана и Доди ал-Фајед не е резултат на заговор за убиство, туку е трагичен инцидент.

dajana
На 7 април 2008 судискиот состав во случајот одлучи дека причина за смртта на Дајана е “криминална небрежност”.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1