Мајката на 17 месечно момче од Бразил била во шок откако нејзиниот син влегол во куќата со крв на устата, носејќи во рацете отровна змија.
Момчето ја убило смртоносната змија така што ја гризнал во градина пред нивната куќа.
Жаин Фереира Фигуера кажала дека нејзиниот син Лоренцо бил многу тивок додека бил во дворот со нивното куче и дека тргнала да види што прави, кога тој влетал во соба.
Жаин и нејзиниот сопруг Лусијер веднаш го однеле момчето во болница и со себе ја земале и мртвата змија во тегла. Стручњаците утврдиле дека се работи за исклучително отровна „јамичарка“ која живее во Бразил, Аргентина и Парагвај. Нејзното каснување може да биде фатално доколку веднаш не се даде противотров, а симптомите вклучуваат силно крварење и откажување на работата на бубрезите.