Саркози вмешан во невиден скандал: Поврзан е со шверц на 680 килограми кокаин


Двајца француски пилоти, вмешани во случајот, побегнале од Домениканската Република, а истражувачите веруваат дека француски политичари им помогнале во тоа.

Истражниот судија наредил да му се одземат и да се прегледаат двата мобилни телефони кои му припаѓаат на поранешниот француски претседател Никола Саркози, во состав на истрагата за шверц на кокаин вреден 35 милиони фунти, пишува Daily Mail.sarkozi33

Името на поранешниот претседател се појавило во судските документи за обидот на шверцување на 680 килограми кокаин со приватен авион од Домениканската Република. Двајца француски пилоти поврзани со случајот наводно минатата недела исчезнале од државата и постои сомнеж дека домашни политичари се поврзани со овозможувањето на нивното бегство.

Дрогата била пронајдена во авион кој го користел Саркози авионот Dassault Falcon 50 во кој била пронајдена дрогата во Пунта Кана, во Домениканска Република на 19 март 2013 година.
Истиот авион го користел најмалку три пати во период од декември 2012 до март 2013 година, а со него одлетал и во Бордо каде што бил испитан поради друг корупциски скандал. Сметките за летовите биле на име на LOV Group, финансиска компанија која се занимава со онлајн обложување и управува со неколку луксузни хотели. Сопственик на компанијата е Стефан Корби, близок пријател на Саркози и неговата сопруга.

Пилотите на судењето во Домениканската Република тврделе дека дрогата им е подметната. Нив им биле досудени 20 години затвор, но одреден им бил постојан надзор и забрана за напуштање на островот.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1