19 год девојка отишла да ги зголеми градите – паднала во кома, не може да оди и зборува


Тинејџерката Линда Перез (19) која минатата година падна во кома откако и беа вградени импланти во градите, е пуштена на домашно лекување, а едвај може да оди и да зборува.

linda3-522x630Линда Перез паднала во кома еден час после операцијата во август 2013 година, поради зголемување на градите.

Таа едвај може да се движи, а може да изговори само неколку зборови. Нејзините родители се грижат за неа и за нејзиниот денес 4 -годишен син, бидејќи таа не може да се грижи за него.

Лекарот кој ја правел операцијата тврди дека таа не успеала да му каже дека имала компликации при анестезијата која била користена за време на пораѓајот на нејзиниот син.

Линда Перез сега мора да биде под постојан надзор, поради скелетната тежина.

Лекарите стравуваат дека 19 –годишната Линда никогаш нема да може да се опорави, но нејзината мајка не губи надеж и се надева на нејзиното закрепнување, наведувајќи го фактот дека и ја извадиле цевка за хранење како добар знак.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1