2 деца во критична состојба по пожарот во Чаир – од Турција дошле на гости во Македонија


Во пожарот во Чаир повредени и затруени 11 лица. Шестмина од нив се хоспитализирани. На Токсикологија е примен пациент со опекотина. На Клиниката за детски болести две деца се на кислородна поддршка.

Нивната состојба според лекарите е загрижувачка. Едно е девојче едно е машко. Лекарите велат дека се наголтале поголема количина на јаглерод моноксид.   На клиниката се примени уште две деца меѓу кои и едно бебе. Но кај нив состојбата не е алармантна, јавува Здравство24.

gori_thumb_medium500_375

 

Децата се на возраст од 4, 6 и девет години а бебето има девет месеци. Како што дознава  zdravstvo24.mk, децата примени на Детска клиника  се од Турција и во Македонија биле на гости.

На местото на пожарот интервенирале 4 возила на Брза Помош. На лице место биле прегледани 5 станари. Едно лице имало посекотина на ногата а кај останатите е констатиран стрес и труење.  Уште еден од станарите со повреда на ногата е пренесен во хируршката клиника Свети Наум Охридски.  Според информациите на zdravstvo24.mk, три возила на Брза помош по двапати се вракале за да ги пренесат повредените до скопските клиники.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1