Две девојки беа изнесени од студентскиот дом „Гоце Делчев“ во несвесна состојба. Укажана им е итна медицинска помош.
Скопската противпожарна единица успеа на време да спречи пожарот во студентскиот дом „Гоце Делчев“ да се прошири кон вториот и третиот кат. За среќа во преполниот дом, освен зачадени простории нема повредени.
Пред домот има околу 300 студенти а на тие кои престојуваат во машкиот дел нема да им биде дозволен пристап во објектот додека трае увидот. Некои од нив велат дека внатре се уште не постојат можности да се влезе без ПП апарат бидејќи чад излегува од просториите и има силна непријатна миризба на пластика.