2 Македонки се венчале во Хрватска


Во хрватскиот град Осијек, две државјанки на Република Македонија пред неколку дена стапиле во брак. Тие ја искористиле законската можност за венчавање на истополова двојка што ја дозволува Законот за животно партнерство кој пак стапи на сила пред седум месеци откако беше изгласан во хрватскиот парламент.

Internet-Wedding-Marriage-Rings-300x152

– Во Македонија не е дозволено венчавки на истополови парови, па тие се одлучиле да дојдат во Осјек и да склопат животно партнерство. Иако признавам дека во почетокот бев малку изненадена, на крајот сето тоа го прифатив како сосема вообичаено, ја сработив заклетвата и го преведов текстот.

Во почетокот ми се чинеше дека тоа е брак од интерес, но сепак се уверив дека тоа е навистина голема љубов, раскажала преведувачката која ја најмиле зошто не го разбирале најдобро јазикот, за Глас Славоније, додавајќи дека на венчавката сведочеле и кумовите на двете девојки, пренесе порталот sakam.info.mk.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1