2 мртви по падот на хеликоптерот во Лондон (Видео)


Две лица се мртви, а деветмина повредени при падот на хеликоптерот во централен Лондон, што удри во кран, соопшти полицијата.

helikopter london22Според полицијата, хеликоптерот удрил во кран поставен на врвот на зграда околу 8 часот по британско време.

Шеесет пожарникари го гасат пожарот од експлозијата, а медицинските лица велат дека едниот загинат бил во хеликоптерот, додека другиот е лице кое се движело по улицата.

Сè уште гори на местото на падот, но пожарот е под контрола. Еден човек е извлечен од пожарникарите од своето возило кое е запалило, а уште еден е пренесен во болница. Инцидентот го стопира сообраќајот кон блиската железничка станица.

Пожарникари се и на врвот на зградата, каде ги осигуруваат остатоците од кранот.

„Веруваме дека има 11 настрадани, двајца мртви и девет со полесни повреди. Еден е во тешка состојба”, вели шефот на полицијата.

Пожарникарите стигнале на местото на несреќата за четири минути, а очевидец потврдува дека одеднаш хеликоптерот бил во пламен. Пожарната служба потврди дека хеликоптерот при падот уништил неколку возила, а пожари има и во блиските згради.

Властите сметаат дека се работи за несреќа, а не за терористички напад.

СЕ УРНА ХЕЛИКОПТЕР НА УЛИЦА ВО ЛОНДОН (ВИДЕО/ФОТО)

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1