2 нови смртни случаи во болницата во Битола – едниот по инфузија пуштен дома, а починал по кусо време


Во последните 24 часа, два смртни случаи на клиниката во Битола.

bitola.jpg201381914118Лице од Демир Хисар кое што утрово во 4 часот се јавило заради болки во горниот абдомен и гадење, било прегледано и на ургентна медицина испратено за да прими инфузија. Откако состојбата му се подобрила, лицето било пуштено. По кусо време починало, јавува Телевизија Тера.

„ Во ниту еден случај инфузијата не е причина за смртта тоа е чиста дезинформација. тој се јавил на Ургентна со болки во горниот дел од абдоменот и гадење го пратиле од таму на Хирургија па во ургентна од каде заминал видно расположен.“-вели Василе Најдоски директор на Клиничка болница

Вториот смрттен случај, било лице без никаква идентификација, кое од страна на обезбедувањето на болницата, било пронајдено пред болничкиот двор кај трафиките во коматозна состојба.

„ Тој случај е најден и е непознато лице врз кое се извршени сите зафати и компјутер при што е констатирано крварење затоа и е во кома.“-вели Најдоски.

Откако биле извршени сите клинички процедури, се констатирало дека неговите органи не работат, по што починало.

Битолската болница исклучува можност дека причината за настапувањето на смртта кај двете лица е инфузија. Kај двете лица е извршена обдукција.

Податоците се во судска медицина.

Сите служби при Клиничка болница и во земава и во светот ги следат клиничките патеки и секој пациент кој ќе се пожали на било што му е укажана медицинска помош но секој организам е засебен и посебен неможеме ние да помогнеме доколку болеста тоа не го дозволува.“- додава Најдовски

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1