2 заболени во Македонија од болест која обично ја нема во зима – ја пренесуваат животни


Западнонилската треска не е единствената болест што може да е кобна за здравјето, а ја пренесуваат комарците и кај нас. Посмртоносна е лајшманиозата, а освен комарци, ја пренесуваат и песочни мушички (муви). Иако сега не е сезона на комарци и на муви, во јануари заболеле двајца граѓани од лајшманиоза, покажува статистиката на Институтот за јавно здравје. Лекарите апелираат да не се паничи, но и да не се занемаруваат симптомите на болеста, пренесува Нова Македонија.

Кучињата најчест резервоар на заразата

zapaden nil treskaИзвор на болеста или нејзин резервоар, кај нас се заразените кучиња. Комарците и мувите од животните ја пренесуваат на луѓето со каснување. Лани, според податоците на институтот, од лајшманиоза заболеле 20 граѓани, а заразата усмртила еден болен. Повеќето од разболените биле деца.

Болните животни најчесто немаат симптоми од инфекцијата, но таа може да ги усмрти. Извори на заразата може да бидат и дивите животни, но и домашни, како и човекот.

Од Агенцијата за храна и ветеринарство велат дека имаат издадено годишна наредба кучињата-скитници да се проверуваат за лајшманиоза, а болните да се еутаназираат.

Може да се разболиш година и пол по каснувањето од комарец

2drv0gnOваа болест има голем период на инкубација –  може да се појави дури по 18 месеци од каснувањето од заразен комарец. Се карактеризира со напади на треска, зголемена температура и по 2 недели, губење на тежината, зголемување на слезината и анемија, слабост, а може да предизвика и крвавење на органите, како и суперинфекции.

Кожната лајшманиоза предизвикува рани на кожата, кои може сами да заздрават и да исчезнат за неколку месеци, но многу од нив може да остават непријатни и трајни лузни. Мукокутаната, пак, доведува до делумно или целосно уништување на слузницата на носот, устата и на грлото.

Засега не постои вакцина против лајшманиоза кај луѓето, а превенцијата се состои во заштита од каснување од песочните мушички и комарци.

Целата сторија на – Нова Македонија

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1