Две гостиварки паднале во бесознание откако најверојатно вчера се затруле со отровни печурки. Тие уште синоќа биле пренесени на Скопските клиники, каде докторите се борат за нивните животи.
Според информации на СВР Тетово, синоќа околу 18 часот и 30 минути, во Гостиварската болница биле донесени К.П. (67) и нејзината снаа К.П, (30) од населбата Циглана 2. Постарата жена била во бесознание, а другата видно зашеметена. Таа успеала да објасни дека претходно собирале, а подоцна и јаделе печурки. Набрзо потоа имале и нагон на повраќање и болки.
Заради сериозноста на здравствената состојба, по првата помош, тие се пренесени на Скопските клиники и според последните информации не се контактабилни.
Се претпоставува дека труењето настанало од консумирање на печурката аманита.